Toti-E - Na Dnoto lyrics

Published

0 107 0

Toti-E - Na Dnoto lyrics

[Строфа 1] Некогаш ќе биде касно иако сме сите тука некогаш ќе бидеш ради неа доле бутнат времето ко канта собира тоа што цвета млади ултра профизичари заглавени зошто им сметат а надвор, надвор се е исто луѓето се потивки со мислите дека се ништо е тажно, ветерот дува силно притисок се поголем се работи само за ситно како да е така, амбициите се ништо бојата те прави да си поголем ил никој да си назад, а правда нема поделби не сакам да гледам мотото пак да биде сакај но кога немаш дали местото е тука мислата води кон друго опшество кон нова љубов а до тогаш, дали посакуваш да се вратиш реалноста е таа прави да сам себе се мразиш [Рефрен x2] Едно сакав, да најдам одговор но нема чесно барав, да биде се како што треба повторно се спрема, заговор на злото додека има луѓе такви секогаш ке сме на дното [Строфа 2] Јас разбирам да биде така, но сакам целото време и труд да ми се ценат неќам фала и се кратат, правата на луѓе секојдневно истото ги прави уште послаби во секој чекор кој би рекол, дека грешам и не сум во право истиот е парто војник е во заблуда со ставот ете браво, успеа да минеш меѓу редот додека другите луѓе чекаат за леб и млеко не е денот, но знај ќе дојде ќе се смени светот позицијата на што си ќе ја замениш со немоќ не е вечно, создавај сам ќе бидеш појак не ти треба никој ако гледаш дека има полза се е исто, маглата се повеќе се гледа состојба на замор застани а излезот го немаш крај на денот, надвор сеуште ќе има ѓубре а и да го снема, сме веќе пола мртви луѓе [Рефрен x2]