Tonyo San - Sivilo lyrics

Published

0 135 0

Tonyo San - Sivilo lyrics

[Строфа 1] Под сиво небо има сив град кој дише место здив чад Талентот див гад, а ти си ничив брат но И на ова небо му треба некој ко нас Не си платен никогаш, и нема да си пак е факт Но продолжуваш, пишуваш песни во ноќи клети Да се сетиш на друштвото на мртвите поети И снимаш текстови вредни ко свето писмо Душата секоја ноќ исто ја оставаш на листот Сам го градиш стилот, совршен во скилот Сечеш како никој на твоето ниво, сам го рокаш битот диво Се што било криво ти го грди видот шило ткиво и во Сиво дно а таму си целиот живот И се што правиш е за во фиока Кога немаш пари за да издаваш си џабе Сократ После концерт, немаш пари ни за такси пат Накај дома пешки пак, џебови пуни со таксират На крајот пак си мат, а водиш цела битка Се што имаш е екипа, во срцето имаш нивна слика Немаш feedback, а никад немаш бит мек Никад не си примен, за среќата немаш тикет Сепак гинеш за твојот стих и твојот тим и твојот бит Твојот ѕид, твојот таг и твојот графит Твојот скреч, твојот микрофон, твојот грамофон Покрај се што кине уште гинеш за твојот сон [Строфа 2] Знам кој е бандит, и кој во целост ќе ме сфати Ова е до сите кои што живеат на овој начин Некогаш улицата се клати, видот го мати Димот фати слимот видот филмот назад врати си го Се гледаш како бришеш солзи Животот горчи ко сите ноќи кои си ги минал со ноќни мори Гори кровот покрај се на крај да прокисне Чудно како ни се дели патот пак и сами сме Се губиме се повеќе ко една особа Што денес ми се кине срцето што не сум со неа, но јебига Си уличар и немаш што да дадеш Само земаш и се осеќаш на крај ко да крадеш Тука се е џабе, такви ти се мислите Во кесата за ѓубре си ги ставаш и амбициите Ги фрлаш секој ден во контејнер, стално почетник Тоа е судбината овде на секој млад уметник Но не застануваш, тоа те прави голем И си потежок од тешки времиња, крени си глава горе Правиш што е твое зошто премногу си доле Направи да биде Бог од тебе задоволен Не сум повлекол од корен совет да сум воин довек Не значи ако си богат дека си и човек Секогаш keeping it real ништо друго Ова е од мене искрено за вас и една љубов Текст - Rap Genius Macedonia