Tonyo San - Cenzura lyrics

Published

0 205 0

Tonyo San - Cenzura lyrics

[Строфа 1: Tonyo San] Не кажувај боље ни збор и замижи пред зло затни ушите во затвор и развижи на дно не збори за сиромашните и бедот што го трпиш искини го листот со се твојот сон на кој што грб му вртиш Замолчи... кога те боли што твоите плачат ради платите што каснат, а струјата ти ја гасат леб и сол јадат! Врати ги своите солзи назад голтни ја грутката, не пуштај глас за бракот распаднат Не збори ништо против власта, крив е друг не напуштија и птиците преселници на југ Ти би ли полетал со нив или си патриот? Јужниот сосед те сака колку што се сакаш самиот! Не пишувај за социјални теми, тоа ќе боли одбиј ги твоите идоли кога велат да се бориш биди рамнодушен на фактите што болка значат дека твоите деца тука ќе патат и ќе се мачат Не го пцуј светов! Не сакај да биде пцуен ќути најтивко што можеш - твојот глас нема да биде чуен Немој да знаеш кој е бандит, гаси тие песни верувај им на пропагандите во дневен весник Не биди одметник и сакај го џандарот тој ти служи тебе ако ти си во народот сакај го барокот во твојот град и поддржи го системот тој се грижи за тебе, за боље да ти биде денот не те користи ко жртва, не верувај во тоа си невработен, а школуван? Кривицата е твоја Не ме слушај мене... јас те лажам не верувам во тоа што ќе кажам ако тоа ти го тражат! [Рефрен: Tonyo San и Кискин] Замолчи! Замолчи! Немој да одиш наспроти! Врати ги своите солзи назад! Не го пуштај гласот ти! Не го пцуј светов! Не сакај да биде пцуен ќути најтивко што можеш - твојот глас нема да биде чуен [Строфа 2: Кискин] Игнорирај ја болката на твоите блиски шутни ја корката што треба да ја земе некој скитник испиј го тоа кафе, денови по кладилници земај ги парите од дома што се за намирници Замисли си, што знаат твоите дома они не растеле во доба ко оваа, епа одма непријателот да повели кај тебе пушти го треба да е поблизу што можа - епа гушни го И лудиот да се чуди, уметникот што се труди трудот негов го плукни, дека воопшто не работи шета држави и градови а, на негово место сметај, треба да си само ти Во право си, никој друг не е битен ние не сме Џака и Таз но сме стално Против Сите! Па сега не ме слушај мене... јас те лажам и немој да го правиш ако од тебе се бара [Рефрен]