Tazzak Akabatov - Ova e Rap lyrics

Published

0 151 0

Tazzak Akabatov - Ova e Rap lyrics

[Строфа 1] Па слушај како пука топ тука Од секој слог шлог пука, шок звукот како dope скуван Ко Lock Stock стокмувам, зборам кон токму вас Звучат ко нас со помош на тумач ко со Бог да боксуваш Другиве група глумат со глупа глума Сме over ко Ума Турман, phat ко богат стрвен гурман Свежи како 24/7, фурна култна група Некултурна, од вас веќе преку кур брат Од невешт рап сум презаситен, јас снимам не за сите Ова флоу за секој језив бит е, не, ти не си битен Ова ко пит е, гризе, бит, флоу, текст, перфектни сите три се Присети се, дис е непромислен потег Не снимам дис песна, правам да исчезнат Место да серам и збеснам јас снимам подобра песна Да дисаш треба да си нездрав, не би дисал Зошто ќе те испратат во Демир Хисар [Рефрен х2] Ова е рап, те крева над, слушни го брат Со друштво и сам сакаш уште ти знам Ова е рап, те крева над, слушни го брат Збесна на песнава, пушти ја пак [Строфа 2] Палам под саух, права животиња под хауба На битот холокауст, играта ќе сопре ко локаут Калаузот кај нас е без пауза, во населба сме 24/7, предупредувам аплаузот е гласен Па за вас класен час е, класика сме Битот масен како прасец, митот расте како квасец Викајте ватрогасец, мајкот ко факел Пликови на раце секој мадерфакер што мајкот го фаќал Кој губи плаќа, слабак, остави капар Капак на се сме, hustle crew, па плус и пиеш сакал Секој настап сакам да е надокнаден аванс Пред оваа хип хоп фама брат ти би не заебавал Но се сврте пун круг, а хип хоп по дифолт Сега значи пун клуб, бунт до скуп продукт Прениско се нишаните, стиховите плишани се Рапот едвај жив е, дише ко без душа више Секој тренди бенд без идентитет, се тресат ко на Handycam Екипа хендикеп, за нив сум урбан мит ко Candyman Без сентименти кинам ладнокрвно За да стигнеш право до врвот го пафкаш ко во длабоко грло [Рефрен х2] [Строфа 3] Овој бенд од мерак фура, креваме температура Бела чума креатура, скилот крева цена, прерачунај се Немаш цела сума, терам се у курац Гледај ме у сурат, изгледам ли на шупак? Си тип кој лаже народ, во локалот наш е барот Кажи „Блажеј цару“, пафкаш без да пукаш ко влажен барут Најдобри во вожња по бит, без боље болид Не ни треба спот со мокри дрољи покрај нас, ни таксират да Скопје гори Сме ви ноќни мори, сте монотони Стилот ваш е flat ко мониторите во склоп на Sony Не знаеш слог да споиш, ако твоите Речат „не виси на клупа“ кажи цела ли ноќ да стоиш Сум пионер и поим, си пиун а не воин Шпиуни, не луѓе мои, сте шкартоина, туѓи херои Си поет но и поп артист А секој таков нарцис го газам како Doc Martens [Рефрен х2]