Dlaboka Traga - Odvedi Me lyrics

Published

0 187 0

Dlaboka Traga - Odvedi Me lyrics

Тоди: Јас се замислувам себе некаде далеку, од сите погледи промени барам од се што видов и се што осетив посвети дали треба, освета не сакам ако си згрешил сакам да се покаеш, а не да вратам! Сакам да исчезнам, ме слушаш!? Да видам дали попразен ќе биде нечиј живот ако не сум тука одведи ме некаде кај што сме сами на место без мани, никој не ми треба само ти сфати! И сакам студот да замине од мојов живот сакам ново сонце душа да ми загрее па закрпен да продолжам, да пишувам со секој збор да бегам, далеку, подалеку само не тука! Но плуќа трујат сите чуства немам сила сам да заминам ми треба помош да те видам тука добро не чека сега заедно до рајот одиме поведи ме, на твоите крила одведи ме! Реф. x2: Подај ми рака, одведи ме ти далеку од овде! Светов ми е проблем, претесно е доле! За мојата слобода нема место овде! Во светов што е проклет, пробај остани човек! Даре: Музикава е моја карта за надвор, текстов е храм за духот денес е денот заминувам кажувам збогум на студот и нема више драма, чекам ветрот да почне со него јас ќе летам, не гледам назад јас веќе! Немам крилја, но денеска го вртам светот би допрел небо, би те земал со мене на него! Да газиш облаци, да јаваш бранови на плажа, море, сме јас и ти, спремни за нови сни немам денес товар, срцето е мојот куфер за утре ма не ни мислам што ќе биде друже! Надешта е сон на будните велат предолго чекав, но сега, светот е мој да го земам! Со зборот бришам граници, толку е моќен замисли ми дава слобода да дишам пробај осети возот сега не чека, последен повик јас бегам одведи ме далеку сакам јас живот да сретнам Реф. x2: Подај ми рака, одведи ме ти далеку од овде! Светов ми е проблем, претесно е доле! За мојата слобода нема место овде! Во светов што е проклет, пробај остани човек!