Dj Goce SAF - Vishi Mental lyrics

Published

0 186 0

Dj Goce SAF - Vishi Mental lyrics

[Строфа 1] Еј провери, секогаш со стилот дојдов, видов, победив Кој го тоа направи? Се разбира, Пикисипи Оженет со микрофонот додека смртта не не раздели Провери ги моите беспрекорни препораки Професионалец, секоја сезона MVP Дипломатски рап, статус претседателски MC Ха, жива легенда, римата ја плескам Промовирам рап кодекс со љубов, доследност и талент Повеќе акција од таен агент Пикисипи САФ е Јаја-Паша репрезент Со фендибилитед на културна полиција Рапохоличар, 24-7 римувам Се фокусирам, едитирам, левитирам кога рецитирам Супериорна техника и тајминг демонстрирам Се трудам твојот ментал да го стимулирам Протестираш, те декларирам како декласиран Ако ме сакаш, те сакам, ако ме мразиш, ти се смеам Ова е храна за умот, умот го кревам над материја Рап баскет на вистински рап, егзистирам една рима Еден дукат кога материјализирам Светам и кога нема сонце, слушни ме мало гомце Од колевка до гроб правам вистински хип хоп Правам вистински хип хоп [Рефрен х2] Разликата е евидентна Кога пука ваков рап се тресе цела планета Виши ментал, можеш да се кладиш во својот живот САФ отвара нова димензија и ново ниво [Строфа 2] Прв семестар, Сафизам, што е следно на распоредот? Имам план да го освојам светот ко Александар Македонецот Ако не ме разбираш, стварно извини, да Клошари и функционери ги знаат моите рими Зошто доминирам, со најдобриот оркестар диригирам Мојот стил е есенција и затоа ќе бидам копиран, нели инспирирам? А ти ќе бидеш грубо корегиран ако речеш дека се рекламирам Но сепак ќе сфатиш дека не сме иста класа Подобри рими од мојте само кога Арчи ќе носи раста Разликата е бог и шеширџија Дедо ти бил кодош, а дедо ми гемиџија Ја бркаш мувата од капата, треба некој да те васпита Тврдиш тврд си, мек си како шампита Па ако се конфронтираш, јазикот го ампутирам Римите ти девалвираат, те оставам хендикепиран А јас ставови редефинирам Рушам предрасуди, исправам криви Дрини, да земам пари дилам рими Па пробај малку од овој стиховен деликатес Паѓаш во несвест, собира респект мојот интелект Рап архитект, мојте рими гргаат, стилов го креирам Виши ментал 2000 интерпретирам Па word 9, микрофонот ми е Star Trek фејзер Разликата е евидентна во 2000 агенда, виши ментал [Рефрен х2]