Divizija - Posledniot Marsovec lyrics

Published

0 153 0

Divizija - Posledniot Marsovec lyrics

[Строфа 1: Киндер] Излези надвор и види дека дождот ми е пријател облаците солзи ронат, но нема да не потонат напротив, ќе помогнат да ги заковат тие зборови, сонови, како кошмари Видов речиси се што ми требаше вкусив сето тоа што богатите го фрлате имам се што крадецот може да украде и мисли на сиромашен како до подобро утре Но водата е за пиење слободно иако си тој што никој не го сака соседот така е, никој не те третирал тебе подобро зошто да менуваме кога е се сменето? Нека виното е виновно за синоќа цигарите за плуќата, несреќата за душата татко ти за куќата, бандите за улица болеста која живее во тебе од курвата... [Рефрен] Нека знаат, нека знаат од каде идам не ме прашувај ако од овде јас си одам бродот вселенски е долго време подготвен деновите последни на последниот марсовец [Строфа 2: Кискин] Одамна планирам да бегам но сакам да знам до кај ќе тера сета беда што сами на себе везден си ја везат брат на брат среќа не гледа туку терор згрозен сум од тоа сето, нема рај ниту пекол огнот ги гори штом отворат ќори очи содом и гомора во гасна комора врати го тој лист око за око ги направи сите слепи грешки плачот детски сега глас е светски. Дали следиш? Незадоволни од тоа што пред нив е незаситен светов сив е, фокусот небитен приоритети грешен правец, едни вера, втори цена трет гледа кон туѓа жена, брат, беда... Кога политика ги дели или величи и кога среќата ги прави себични, место да ги соедини сами на себе си нанесуваат болка па казната Божја е своја реакција доцна [Рефрен] [Строфа 3: Chronic] Со тага во очи дур ноќта ни се крши не зборувај само молчи и во чашата ми точи без почит ко злочин да сум сторил, заминувам јас од нив и секој миг и лик е жиг на срце гласот крик, празен извик на видик е само ризик зошто за нив не е доволно да бидеш добар човек, тоа е болест што стално влече на доле светот никогаш задоволен, затоа сакам на горе спасот да го барам, сакам таму да ме пратат иако не се мои може таму ке ме сватат само се молам никогаш да не ме вратат кај што патат за се што сакат зад врата која нема квака кај што рака се подава да се ситат на твоја мака во цифри се сака, а не знам зошто така, имам многу љубов не знам кому да ја дадам, затоа спасот го барам на место непознато заминувам