LYRICS.AZ APPLICATION

Download from Apple Store
Download from Google Play

Dare DT - Poznato Tugji lyrics

[Строфа 1: Тоди]
Денес ни децава незнаат што е детство
сите заразени од вирусот борба за престол
а кога сакаш да си најсилен силно го јадеш
трошиш од умот за глупост, за секој да те знае
па не сме тука навек!
Искористи го правилно времето делата човекот го прават траен
затоа правам дела кои ќе се памтат
кои ќе ме вратат и по многу години минати назад
но студот се чуствува измеѓу сите нас
исповед на интернет, сите сме "cyber friends"
се губи полека и маалската дружба
сите се премногу опасни за да висат на клупа!
А ние некогаш другари, сега познаници
времево не тера на, патишта поразлични
се губиме како снег во лето, во секојдневниот пекол
секој те гледа како зделка, прекор
ни е потреба за живот исто како кислород
ненерација на загуба без изговор
пропратно тонат и другите покрај младите
глупави луѓе сме иднината свесно ја рушиме

[Рефрен]
А денес, светот е сменет, и тимот сменет е!
Мајкот е сменет, денес се смеете!
А вчера? Вчера се знаевме, денес не!
Само лица познати сме... Каде исчезнавме!?

[Строфа 2: Даре]
Денес не врнат исти дождови, но време не дели
па чуден патот е нели, не познаваш никој и секој е сменет
Не вели два пати можеш, луѓево знаат за потсмев
се ладни ко камен, а секогаш чекаш на боље
[Lyrics from: https:/lyrics.az/dare-dt/-/poznato-tugji.html]
вчера далеку е, па не се кладиш на утре
патот те тера да кажеш збогум и останеш збунет!
Сите се познато - туѓи, низ тие маски ни студи, па губиме разум, ти судиш?
Растам со нив, бараат мир во димот
сме загубена генерација, потрага по живот
Не сме деца веќе! Сега секој робува на сонот
населбиве тажни се, градов тоне доле ко Содом и Гомор
мртва амбиција - народ, самохрани мајки, деца што патат под развод
јас те знаев некогаш, верувам не си ти целосно сменет
се надевам не сум ни јас, ќе покаже време!
Калта го крие златото, но само до дождот
после него следи Утопија, чист воздух
верувам во сите вас, после се, се враќаме дома на крај
таму ве чекам јас знај!

[Рефрен]

[Строфа 3: Маро]
Јас се сеќавам на секој момент ко да беше вчера
а секој од нив тера да земам да пишувам на тема
пра правам слики да видат, не само да не чујат
деталите се некад премногу па пцујам!
Клупите низ населба денес се толку темни
лицата ги нема нигде, присутни се сенки
ние чудни, меѓусебно туѓи за други
дознаваме од весник, за вести зборуваме во песни!
Па ми фали висење во школски
само студот остана од него да гризе по коски
прости, на крај остануваш сам
после ладното се надевам ни следи само топол бран
а, мене не ми треба ништо освен туѓа среќа
и човек кај кого реалност не гори ко свеќа!
Туѓа на одбивам никад но ставам запирка
постои разлика од насмевка до насмевка...

Correct these Lyrics