[Строфа 1: Киндер] Повеќе од почит е поздравот наш и не се сеќавам на сите детали бевме мали, еден куп партали а Бандит памтиш ли? на нашите почетоци и штом место најдеш ти Tопло и на минус 23 улични муабети те греат како сказни вистински и лажни, среќни или тажни приказни за се околу нас, веќе кажани... Со мирисот во воздухот од твоето детство нека мислите те одведат на твоето место зошто ако не се сеќавам ке отиде во заборав и ако се заборавам за што јас брат живеам? Но барем едно знам - од каде доаѓам со кој сум пораснал и која е мојата екипа Неколку лика заслужни за восхит сеќавања на лист хартија е мојот потпис [Рефрен] Сети се на нашата улица зошто таму сме и ке бидеме засекогаш деца!
[Строфа 2: Бандит] Бев само 15, или 16 минус 30 кила од сега, и многу наивен Секој ден е нешто ново иако сличен на вчера брат, мене секој ден ми беше нешто ново Го сакав f** You повеќе од дома ушикана дружина пие до кома А од дома пискаат до кога ке спиеш по цели денови? Собата смрди на џибра, уште носиш плетенки!!!?? Некоја магија во ноќта се шири звуци на среќа, пакости и слатки немири, види... Уште со истите луѓе, бидејки лојалност е клучен елемент а сега пораснав и буден сум Разлика е кола врти низ град, се слуша бум бап место марами и во слушалки рап На бетон бит бокс или касети во бум бокс сајфер и туби вино на минус 100, wow